Марија Шерифовиќ била нападната сред концерт: Луѓево не се нормални
Пејачката Марија Шерифовиќ во еден трговски центар во Белград имаше настап, но таму заработи повреда.
Инцидентот се случи кога Марија го заврши настапот и сакаше да се фотографира со фановите, а тогаш една жена влетала и ја удрила пејачката по рака.
Марија потоа се јави на социјалните мрежи и откри што се случило.
„Концертот беше неверојатен. Јас првпат по многу години се симнав во први редови и ги поздравив децата. Потоа налетав на едно суштество кое од преголема љубов ми го измест рамото. Чекам да видам што ќе се случи сега. Луѓево не се нормални“, кажа Шерифовиќ.
27.05.2022 - 09:26
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа