Close Menu
    Најново

    Турската полиција уапси 62 лица под сомнение за измами со гатање

    05.11.2025 во 23:39

    Марго Роби во совршено бохо-шик издание за есенската сезона

    05.11.2025 во 23:21

    Најсмирените хороскопски знаци кои не пукаат под притисок

    05.11.2025 во 22:58
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Актуелно
    • Турската полиција уапси 62 лица под сомнение за измами со гатање
    • Марго Роби во совршено бохо-шик издание за есенската сезона
    • Најсмирените хороскопски знаци кои не пукаат под притисок
    • Харченко: Постои „значаен ризик“ од прекини во греењето оваа зима во Украина
    • ВМРО-ДПМНЕ: Филипче го игра бугарското сценарио и ја понижува Македонија
    • Трамп ја критикува победата на Мамдани: „Комунист на чело на Њујорк“
    • Голема трагедија: Студентка вечерва пронајдена мртва
    • Трамп: САД ја имаат најголемата нуклеарна сила во светот
    • Најново
    • Популарно
    • Facebook
    • Twitter
    • Instagram
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24Press24
    Home » Македонија добива „дигитален ‘рбет“: ЕУ отвора антена за Вештачка интелигенција во земјава

    Македонија добива „дигитален ‘рбет“: ЕУ отвора антена за Вештачка интелигенција во земјава

    14.10.2025 во 12:05
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Европската унија го проширува проектот „Фабрички антени за вештачка интелигенција“ (AIFA) и на Западен Балкан, а една од првите антени ќе биде отворена во Македонија.

    Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, го најави потегот во Тирана, нарекувајќи го „дигитален ’рбет“ што ќе ги поврзе компаниите од регионот со европската технолошка инфраструктура.

    „Ќе започнеме со две антени во Северна Македонија и Србија, со што воведуваме брз дигитален ‘рбет низ целиот регион и им овозможуваме на компаниите од сите шест партнери да се поврзат со европските фабрики за вештачка интелигенција“, изјави Фон дер Лајен во своето обраќање на Инвестицискиот форум на ЕУ и Западен Балкан во Тирана. 

    „Тоа значи дека вашите компании ќе имаат пристап до европската инфраструктура за вештачка интелигенција токму тука, во регионот. Со други зборови, компјутерската моќ на Унијата ќе ви биде на располагање. Сакам иднината на вештачката интелигенција да се создава во Европа. И сакам Западен Балкан да биде нејзин составен дел,“ додава таа. 

    Овие фабрики се високо-технолошки центри поврзани со европската суперкомпјутерска мрежа EuroHPC и овозможуваат развој и примена на напредни модели на вештачка интелигенција. Центарот во Македонија ќе нуди техничка поддршка, обуки и партнерства со индустријата, создавајќи нови можности за стартапи, истражувачи и дигитална економија.

    Фон дер Лајен истакна дека ова е „политички и технолошки мост“ меѓу ЕУ и регионот, а Македонија со тоа станува дел од европскиот технолошки екосистем и чекор поблиску до дигиталната иднина. 

    Популарно

    Голема трагедија: Студентка вечерва пронајдена мртва

    05.11.2025 во 21:46

    ВМРО-ДПМНЕ: Филипче го игра бугарското сценарио и ја понижува Македонија

    05.11.2025 во 22:18

    Почна реконструкцијата на месната заедница во Пинтија -Трајкоска: „Ова е само почеток на сериозната програма што им ја понудивме на граѓаните“

    05.11.2025 во 17:06

    ФОТО: Затвореници од битолскиот затвор чистат патишта

    05.11.2025 во 12:43
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.