Close Menu
    Најново

    Фон дер Лајен: На нашето небо се случува нешто ново и опасно, се соочуваме со хибридна војна

    08.10.2025 во 23:42

    Италија ќе забрани носење бурка или никаб на јавни места

    08.10.2025 во 23:25

    Парламентот на Шпанија забрани испораката на оружје во Израел за да запре геноцидот врз Палестинците

    08.10.2025 во 23:01
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Актуелно
    • Фон дер Лајен: На нашето небо се случува нешто ново и опасно, се соочуваме со хибридна војна
    • Италија ќе забрани носење бурка или никаб на јавни места
    • Парламентот на Шпанија забрани испораката на оружје во Израел за да запре геноцидот врз Палестинците
    • Насилник ја тепал својата мајка, а со нож упатувал закани и кон сопругата
    • Филипче од Прилеп: ВМРО-ДПМНЕ убедливо најмногу штета направи на земјоделството и земјоделците
    • Китански: Туризмот е срцето на Пехчево и Малешевијата
    • Мицкоски: Тајните договори на Венко и Стевче не поминуваат, Сотир Лукровски ќе победи во Карпош
    • Лукровски: Во Карпош ќе има каде да се паркираме
    • Најново
    • Популарно
    • Facebook
    • Twitter
    • Instagram
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24Press24
    Home » Македонија официјално членка на СЕПА: Поевтини и побрзи плаќања во евра за граѓаните и бизнисите

    Македонија официјално членка на СЕПА: Поевтини и побрзи плаќања во евра за граѓаните и бизнисите

    07.10.2025 во 10:31
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Граѓаните и бизнисите во РС Македонија од денеска ќе ги користат придобивките од приклучувањето на земјата кон СЕПА (Единствениот евро-платежен простор) регионот. Европскиот совет за  плаќање има одобрено апликациите на 9 домашни банки во платежната шема за кредитни трансфери коишто се оперативни во СЕПА, додека останатите 3 банки се очекува да се приклучат до крајот на годината.

    „Ова значи дека  земјава практично станува дел од Единствената област за плаќање во евра (СЕПА) со што граѓаните и компаниите ќе можат да вршат плаќања во евра на ист начин како и во земјите од Европската унија. Од членството во СЕПА се очекуваа бројни придобивки за граѓаните, компаниите, но и за економијата во целина. Пред се се очекуваат побрзи, побезбедни и поевтини прекугранични плаќања во евра. Ова е особено важно за македонската економија којашто се карактеризира со висок степен на трговска отвореност и голем обем на прекугранични плаќања. Оттаму, и потенцијалот за заштеда во трошоците, за подобрување на ликвидноста и за зголемување на конкурентноста на компаниите е голем. Ова може да одигра значајна улога во процесот на натамошна трговска интеграција, забрзан економски раст и намалување на доходовниот јаз со ЕУ“, рече министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска.

    Таа истакна дека клучниот чекор за спроведување на оваа реформа беше донесувањето на Законот за платежни услуги и платни системи кој беше подготвен од Минитерството за финансии и предложен на Владата, како и  подзаконските акти кои Народната банка ги усвои за имплементација на овој Закон.

    „Овој проект е значаен исчекор кон унапредување на условите за работење и живеење во Македонија, прилагодувајќи ги стандардите на нашата земја кон европските.Министерството за финансии и Народната банка ќе продолжат со реформи насочени кон економскиот развој и подобрување на услугите за граѓаните и бизнисите,“, вели министерката.

    Барањето за пристапување кон СЕПА беше поднесено на 10 јули 2024 година, додека на 6 март 2025 беше прифатена  апликацијата од страна на Европскиот совет за плаќања за приклучување на  СЕПА со што се овозможи и  приклучување на домашните банки во платежните шеми преку кои се извршуваат плаќањата во евра. Станува збор за регион кој опфаќа 41 земја  од Европа.

    Популарно

    Мицкоски: Тајните договори на Венко и Стевче не поминуваат, Сотир Лукровски ќе победи во Карпош

    08.10.2025 во 21:46

    Мицкоски: Има над 80 кривични пријави во фиоките на обвинителството, а за кои клучот е некаде на Бихаќка

    08.10.2025 во 20:46

    Лукровски: Во Карпош ќе има каде да се паркираме

    08.10.2025 во 21:35

    Се апси во Ѓорче, Хром и Нерези – голема акција на МВР и обвинителството

    08.10.2025 во 15:27
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.