Close Menu
    Најново

    ВМРО-ДПМНЕ: Филипче под диктат на Заев ја дотурка партијата до раб на исчезнување

    06.11.2025 во 09:26

    Каква зима не очекува ќе видиме на Митровден – Што значи ако врне, а што ако сонце грее

    06.11.2025 во 09:22

    Делови од Кисела Вода без струја шест часа – еве кои улици се погодени

    06.11.2025 во 09:11
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Актуелно
    • ВМРО-ДПМНЕ: Филипче под диктат на Заев ја дотурка партијата до раб на исчезнување
    • Каква зима не очекува ќе видиме на Митровден – Што значи ако врне, а што ако сонце грее
    • Делови од Кисела Вода без струја шест часа – еве кои улици се погодени
    • Мицкоски денеска во Петровец – ќе се поставува камен-темелник за изградба на нов културен дом
    • Не излегувајте без чадор: Попладне се очекува дожд
    • Турската полиција уапси 62 лица под сомнение за измами со гатање
    • Марго Роби во совршено бохо-шик издание за есенската сезона
    • Најсмирените хороскопски знаци кои не пукаат под притисок
    • Најново
    • Популарно
    • Facebook
    • Twitter
    • Instagram
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24Press24
    Home » Македонија добива „дигитален ‘рбет“: ЕУ отвора антена за Вештачка интелигенција во земјава

    Македонија добива „дигитален ‘рбет“: ЕУ отвора антена за Вештачка интелигенција во земјава

    14.10.2025 во 12:05
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Европската унија го проширува проектот „Фабрички антени за вештачка интелигенција“ (AIFA) и на Западен Балкан, а една од првите антени ќе биде отворена во Македонија.

    Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, го најави потегот во Тирана, нарекувајќи го „дигитален ’рбет“ што ќе ги поврзе компаниите од регионот со европската технолошка инфраструктура.

    „Ќе започнеме со две антени во Северна Македонија и Србија, со што воведуваме брз дигитален ‘рбет низ целиот регион и им овозможуваме на компаниите од сите шест партнери да се поврзат со европските фабрики за вештачка интелигенција“, изјави Фон дер Лајен во своето обраќање на Инвестицискиот форум на ЕУ и Западен Балкан во Тирана. 

    „Тоа значи дека вашите компании ќе имаат пристап до европската инфраструктура за вештачка интелигенција токму тука, во регионот. Со други зборови, компјутерската моќ на Унијата ќе ви биде на располагање. Сакам иднината на вештачката интелигенција да се создава во Европа. И сакам Западен Балкан да биде нејзин составен дел,“ додава таа. 

    Овие фабрики се високо-технолошки центри поврзани со европската суперкомпјутерска мрежа EuroHPC и овозможуваат развој и примена на напредни модели на вештачка интелигенција. Центарот во Македонија ќе нуди техничка поддршка, обуки и партнерства со индустријата, создавајќи нови можности за стартапи, истражувачи и дигитална економија.

    Фон дер Лајен истакна дека ова е „политички и технолошки мост“ меѓу ЕУ и регионот, а Македонија со тоа станува дел од европскиот технолошки екосистем и чекор поблиску до дигиталната иднина. 

    Популарно

    Голема трагедија: Студентка вечерва пронајдена мртва

    05.11.2025 во 21:46

    ФОТО: Затвореници од битолскиот затвор чистат патишта

    05.11.2025 во 12:43

    Почна реконструкцијата на месната заедница во Пинтија -Трајкоска: „Ова е само почеток на сериозната програма што им ја понудивме на граѓаните“

    05.11.2025 во 17:06

    ВМРО-ДПМНЕ: Филипче го игра бугарското сценарио и ја понижува Македонија

    05.11.2025 во 22:18
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.