Македонец среде Мелбурн засвире „ужичко коло“, а потоа му се придружи оваа девојка

 

Христијан Спировски, по потекло од Македонија, е млад пијанист кој е роден и со години живее во Мелбурн, каде често ги забавува луѓето со своите виртуозни изведби

Тоа го поткрепува и видеото во кое тој на пијано свири Ужичко коло, придружуван од девојка по име Шион, виолинистка од Јапонија.

„Оваа година почнав да свирам пијано во центарот на Мелбурн речиси секој ден и имам можност да видам луѓе од целиот свет кои доаѓаат да ме слушаат“, вели Христијан.

Шион и Кристијан се сретнале случајно на железничка станица во центарот на Мелбурн. Откако била воодушевена од свирењето на Христијан, решила да му се придружи и да го придружува на виолина.

Случајно ја запознав девојката и немавме никакви проби, ова дојде толку ненадејно, спонтано. Таа дојде од Јапонија на одмор во Мелбурн“, додал тој.

Основно и средно музичко училиште Христијан завршил во Битола, а универзитет во Мелбурн. Потекнува од музичко семејство, а во 80-тите татко му свирел на гитара заедно со хармоникашот Урош Антиќ од Ниш. Заедно ја основале првата југословенска група во Мелбурн.

25.12.2023 - 17:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега