Курти: Косово што поскоро да добие статус на земја кандидат за членство во ЕУ

 

 

Точно една година по поднесувањето на апликацијата за членство на Косово во Европската унија, косовскиот премиер Албин Курти изјави дека Косово треба што поскоро да добие статус на земја кандидат за членство во ЕУ.

Оценувајќи го како историско отворањето на преговорите за членство на Украина и Молдавија во ЕУ, Курти рече дека членството на земјите од Западен Балкан е начин да се обезбеди мир на континентот.

„Како една од најдемократските и најпро-ЕУ земји во регионот, Косово треба да добие кандидатски статус без одлагање“, напиша Курти на платформата Х.

На 15 декември 2022 година, Курти ја поднесе апликацијата на Косово за членство во ЕУ до Чешката Република, земјата која тогаш претседаваше со ЕУ.

15.12.2023 - 22:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега