Кумановка сакала да купи дрва, па останала и без нив и без 7.000 денари

СВР Куманово соопшти дека кумановка била измамена при набавка на огревно дрво, а притоа ѝ биле одземани 7.000 денари.

„Лицето ѝ понудило огревни дрва за поевтина цена на што 76-годишната жена се согласила и му дала половина од договорената сума. Лицето ги земало парите, но не се појавило со дрвата“, соопшти полицијата.

Полициските службеници преземаат мерки за расчистување на случајот.

18.08.2022 - 11:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега