Кралското семејство и премиерот Џонсон во поддршка на Англија пред вечерашното полуфинале
Британското кралско семејство, премиерот Борис Џонсон, и сензацијата на Вимблдон, Ема Радукану, изразија јавна поддршка за Англија пред вечерашното полуфинале против Данска.
Британски таблоиди на своите насловни страници пишуваат за претстојниот фудбалски меч: „Голема вечер на Вембли вечерва“, „Светот ќе го гледа тимот на Хари Кејн“(капитенот на англиската репрезентација).
Сензацијата на „Вимблдон“, Ема Радукану ќе навива за Англија.
„Какво време за спорт, Англија не се чувствувала толку бучно од олимписките игри во Лондон 2012 година. Можеби ова се должи на фактот дека земјата беше затворена толку долго време, со низа локдауни, но теоријата за ‘Враќање на урнебесните дваесетти години’ се докажа како точна.“
Со 19 јули, „Денот на слободата“, на дофат на раката, земјата пука од поддршка за Англија на нивниот натпревар против Данска вечерва, додека се обидуваат да дојдат до финалето на Европското Фудбалско Првенство за првпат.
Makfaks
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа