Ковачевски: Треба да продолжи дискусијата за прогресивното одданочување
Премиерот Димитар Ковачевски смета дека дискусијата за прогресивното одданочување треба да продолжи низ инклузивен процес, а во тој процес во иднина со ново софтверско решение да се земат во предвид вкупните примања во семејството.
-Таа дискусија треба да продолжи, низ инклузивен процес во којшто ќе бидат вклучени не само стопанските комори, и оние коишто се засегнати, коишто го плаќаат персоналниот данок за вработените. Исто така, и УЈП преку воведување на нови системи, софтверски решенија, каде што нема да бидат гледани граѓаните на поединечна основа, туку на семејна основа. Исто така, ќе треба да биде направена и ревизија на даночните ослободувања, изјави денеска Ковачевски за ТВ Сител.
Тој најавува дека државата ќе го исплати долгот за струја на Клинички центар.
-Државата мора да ги помогне финансиски. Клинички не смее да остане без струја, рече Ковачевски.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа