Ковачевски: Со субвенционирање на цената на струјата го намалуваме трошокот на граѓаните за пет пати

Премиерот на Република Македонија, Димитар Ковачевски даде одговор на пратеничко прашање за енергетската криза и кажа дека со субвенцијата на државата се намалува трошокот на граѓаните за пет пати.

Ковачевски, исто така, кажа дека се водат интензивни преговори со странство за обезбедување на електрична енергија по пониски цени од берзанските.

„Со Србија постои можност, меѓутоа не 100% можност заради тоа што мора да биде реализирана низ мултилатерални договори бидејќи ние имаме когенеративна централа во приватна сопственост не во државна на територијата на државата. Доколку Србија успее да обезбеди поевтин гас тој гас би се донел и доколку успеат да го донесат до Северна Македонија со оглед на тоа дека интерконекторот на Жидилово е закупен на долгорочен договор од страна на ГАСПРОМ. Тој не е во сопственост ниту на Република Северна Македонија, ниту на Бугарија, ниту на Србија, туку на ГАСПРОМ Русија. Само тие можат да дадат дозвола каков и колку гас поминува низ гасоводот. Доколку се успее да се направи тоа значи дека поевтина цена на гас ќе произведе поевтина цена на електрична енергија која нормално дека ќе биде размената“, рече Ковачевски.

29.09.2022 - 17:58

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега