Ковачевски: Со интегрираниот електронски систем за наплата на патарини во Северна Македонија и Србија граѓаните патуваат побрзо

 
Премиерот на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски заедно со премиерката на Република Србија, Ана Брнабиќ денеска, на наплатната рампа Прешево го промовираа заедничкиот интегриран електронски систем за наплата на патарините.
 
Станува збор за брзо и ефикасно плаќање на патарините во Северна Македонија и Србија со помош на посебен ТАГ уред за бесконтактно електронско плаќање на патарина, кој успешно функционира и овозможува непреченo движење преку териториите меѓу двете земји.
 
„Ова е најдобра потврда дека Отворен Балкан е иницијатива која дава резултати, која функционира и која луѓето ја сакаат. Отворен Балкан ако погледнеме на истражувањата за јавно мислење е единствена регионална иницијатива која има поддршка над 80% во земјите кои се дел од иницијативата. А тоа е затоа што иницијативата дава резултати. За само 3 месеци српски и македонски инженери успеаа да го направат решението за единствена електронска наплата на патарините. Ние денес заедно со министерот Бочварски дојдовме со кола од Скопје со купена М-ТАГ картичка од Македонија која перфектно функционира во Србија. До следниот петок ќе биде направено решението и за товарниот сообраќај, така да и камионите ќе можат да поминуваат“, изјави Ковачевски.

„Ова е уште една потврда дека иницијативата работи токму на забрзување на протокот на луѓе, стоки и услуги и на капитал. Премиерката кажа дека благодарение на оваа иницијатива трговската размена меѓу 2-те држави е зголемена над 25% од нашата страна на 50% е зголемен извозот кон Србија. Исто така и од Србија е зголемен извозот кон Северна Македонија.

Бројот на туристи кои во текот на изминатите 2 години доаѓаа во нашата држава е за 500% поголем од пред воспоставувањето на иницијативата Отворен Балкан. Она што следува е воспоставување на софтверското решение за непречена размена на работници, да може секој да дојде да се регистрира преку единствен софтвер и во Србија и во Северна Македонија и во Албанија без административни процедури кои денес траат по 3 месеци“, кажа премиерот.

16.07.2023 - 13:35

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега