Ковачевски: Гордо и достоинствено славиме 30 години јубилеј на Армијата

Премиерот на Република Македонија, Димитар Ковачевски учествуваше на централната свеченост организирана во касарната „Илинден“ во Скопје по повод 30 години од формирањето на Армијата.

Ковачевски испрати порака преку неговиот профил на Фејсбук и го честиташе денот на Армијата – 18 август.

„Денеска гордо и достоинствено го славиме денот на Армијата - 18 август.
 
 
Го одбележуваме 30 годишниот јубилеј на нашата Армија која е столб на безбедноста, одбраната, стабилноста и довербата како рамноправна членка на еден од најмоќните воено-безбедносни сојузи, НАТО.
 
Изразувам искрена благодарност, од свое лично име, од име на Владата и од сите граѓани, до сите припадници на Армијата, до секој припадник на воениот и на цивилниот персонал на нашата Армија, за огромната заложба, посветеност и придонес сите овие години.
 
Ви благодарам за влогот, за вашиот труд во градењето на стабилна, модерна Армија со високи стандарди, рамноправна со останатите моќни членки на Алијансата, со чии армии учествува во многубројни мисии.
 
Армијата е секогаш на првата линија на помош и поддршка за сите нас, а ние посветено продолжуваме со нејзино модернизирање за сериозна борбена подготвеност, создавајќи најповолни услови за припадниците на воениот и цивилниот персонал.
 
 
Нека е честит и вековит Денот на Армијата“, напиша Ковачевски.

18.08.2022 - 12:47

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега