Ковачевски: Ги зголемивме платите во образованието за 36 отсто

Премиерот на Македонија, Димитар Ковачевски кажа дека во последните неколку години платите во образованието се зголемени за 36 отсто.

„Само во основното и средното образование, како што ветивме и го остваривме зголемувањето од 15 проценти. Ако се земат предвид претходните покачувања во 2018 година од 5 проценти, во 2019 година од 5 проценти и 2020 година од 10 проценти и ова последното зголемување - се работи за зголемување на платите во образованието за 36 проценти. Само за споредба, ова зголемување на платите е најголемо, доколку се спореди со платите од периодот до 2016 година, кога без услови на криза, платите на образованието беа зголемени само за 4 проценти“, посочи премиерот.

Ковачевски соопшти дека околу 35.000 вработени во образованието, од кои 25.000 наставници и друг персонал добија зголемени плати и дополнително согласно со методологиите тоа ќе го има и во идните години. Исто така, покрај  во образованието, платите се зголемени и кај негувателите.

Премиерот кажа дека оваа Влада е одговорна и продолжува во континуитет да ги зголемува платите, пензиите и социјалната помош.

29.09.2022 - 18:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега