Корона на Евровизија: Претставници од една земја добија позитивен тест

 

 

Членка на португалската делегација на овогодинешната Евровизија е позитивна на коронавирусот, што беше потврдено при рутински тест во Торино.

Другите членови на португалската делегација засега се добро и не покажуваат никакви симптоми.

Во согласност со здравствениот и безбедносен протокол, сите тие направија уште еден ПЦР тест, се вратија во хотелот и сега ќе бидат во изолација седум дена.

Деталите за закрепнувањето и тестовите ќе бидат објавени на официјалната веб-страница на Евровизија.

Според Протоколот за здравје и безбедност кој е на сила за Евровизија 2022 година, остатокот од делегацијата не е обврзан да влезе во изолација или карантин, но, според италијанскиот закон, мора да носи маски FFP2 во секое време и внатре и надвор.

04.05.2022 - 23:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега