Климатска опсерваторија на ЕУ: Светот се соочува со најтоплиот јули од почетокот на мерењата

 

Светот се соочува со најтоплиот јули од почетокот на мерењата, соопшти денеска климатската опсерваторија на Европската унија, во момент кога на три континенти се регистрирани екстремно високи температури на воздухот.

„Првите 15 дена од јули беа најтоплите 15 дена досега… Овој месец е на пат да биде најтоплиот јули досега“, изјави за француски медиуми Карло Буонтемпо, директор на Службата за следење климатски промени Коперникус.

19.07.2023 - 19:56

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега