Ќе се мери крвен притисок, ниво на шеќер: Бесплатни здравствени прегледи утре во Градскиот парк

Институтот за јавно здравје на Република Северна Македонија на ден 1 Октомври 2022 година (сабота), на локацијата кај фонтаната Лотосов цвет во Градскиот парк во Скопје, од 9,00 до 13,00 часот организира акција за бесплатни превентивни здравствени прегледи на граѓаните.

-При тоа ќе се мери крвен притисок, ниво на шеќер и холестерол во крвта ( на гладно или по оброк), ќе се одредува Индекс на телесна маса врз основа на измерена телесна тежина и висина, големина на струк и ќе се делат флаери и инфографици.На секој граѓанин ќе му се даде евиденционен лист со податоците од мерењата и ќе им се дава совет за здрав стил на живот. Воедно секој граѓанин ќе биде почестен со свежо овошје и вода.Акцијата е во контекст на одбележување на Светскиот ден на срцето – 29 септември и Светскиот ден на старите лица – 1 октомври. Целта е да се подигне свеста кај граѓаните за редовни прегледи на своето здравје и здрав, долг и квалитетен живот.Акцијата од Институтот за јавно здравје на РСМ ќе биде придружена со претставници на невладината организација “ Здрава иднина“, а е поддржана од Министерството за здравство на РСМ преку Националната годишна програма за јавно здравје во 2022 година, информираат од Институтот за јавно здравје.

30.09.2022 - 10:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега