Јуве ја спаси катастрофалната сезона и се провлече во ЛШ
Милан и Јувентус си ја одработија својата задача во завршната драма во последното коло во Серија А, но тоа не важи и за Наполи предводен од Џенаро Гатузо кој на крајот остана без настап во Лигата на шампионите.
Милан и Наполи беа тимовите кои зависеа сами од себе, но ако „росонерите“ славеа на гостувањето кај Аталанта со двата гола од пенал на Кеси, „наполитанците“ си „пукнаа во колено“ против тимот кој не се бореше за ништо на стадионот „Диего Армандо Марадона“.
Наполи поведе со голот на Рахмани по точно еден час игра, но потоа следеше една катастрофална дефанзивна реакција, по која Фараони израмни на 1:1 во 69-та минута. До крајот, Наполи имаше јалови напади да дојде до победнички гол, а тренерот Гатузо не му даде шанса на Елиф Елмас кој остана на клупата за резерви.
На третиот меч кој беше во фокусот, Јувентус брзо си ја заврши својата работа против Болоња, постигна четири гола за водство од 0:4, а во завршницата, домаќините постигнаа почесен гол преку Орсолини.
Двата гола даде Мората, еден дадоа Киеза и Рабио, па така Јувентус го искористи киксо на Наполи во последното коло и се најде во Лигата на шампионите.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа