ЈСП: Ги демантираме обвинувањата дека Стојковски се заканувал на член на Совет на Град Скопје
„Соочени со сопствената немоќ да одговорат на предизвиците кои ги носи функцијата и да ги надминат личните и партиски интереси, советниците на Христијан Мицкоски и коалицијата континуирано глумат жртви на штета на граѓанинте и Градот Скопје.Најостро ги демантираме обвинувањата од страна на член на Советот на Град Скопје дека добил закани од страна на в.д. директорот на ЈСП, Александар Стојковски“. Ваква реакција испраќаат од ЈСП Скопје во врска со наводната закана на директорот кон советник на Град Скопје од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.
„Напротив, работата на ЈСП е саботирана од страна на советниците на Мицкоски во обид да се руинира претпријатието во време на криза.
Коалицијата на Мицкоски која е власт во Град Скопје, носи директна одговорност за неуспесите со кои учествува и раководи преку своите членови во сите управни одбори на јавните претпријатија. Апелираме советниците да ги надминат партиските стеги и наместо познатата лицемерна матрица на обид да се прикажуваат како жртва, да работат за доброто на скопјани и реализација на програмата "За Модерно Скопје", наместо да ја саботираат“, стои во одговорот на ЈСП Скопје.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа