ЈП „Паркови и зеленило“ продолжува со расчистување на градот од паднати дрвја и гранки
Екипите на ЈП Паркови и зеленило веднаш по невремето кое го зафати Скопје излегоа на терен заради расчистување на паднати гранки и дрвја и овозможување на нормално функционирање на градот.
Од ЈП „Паркови и зеленило“ соопштија дека се интервенирало на вкупно 64 локации при што беа расчистени вкупно 77 паднати дрвја и 25 искастрени скршени гранки.
Се интервенираше на следните локации:
„Ул.Костурска меѓу зграда 4 и 6, ул, Васил Ѓоргов бр.23 пред Дом за деца без родители, ул. Огњан Прица бр.7, ул.Народен Фронт кај кафе Интермецо, ул.Рузвелтова кај СЈО, бул.Трета Македонска бригада кај Тинекс, бул.Митрополит Теодосие Гологанов, паркинг кај Градска болница, ул.Благоја Паровиќ бб, ул.Ѓорѓи Поп Христов бр.6, ул.Август Цесарец бр.5, ул. Ѓорѓи Поп Христов бр.13, бул.Кочо Рацин со Мирче Ацев, бул.Кирил и Методиј бб, ул.Никола Малешевски бр.18, ОУ Димитар Миладинов, ул.Никола Грчето бр.4, Тутунски комбинат на паркингот, ул.Самоилова бр.170, ул.Ресенска бр.1 до ресторан ФаФа, ул.Фрањо Клуз бр.19, бул. Илинден бб, ул.Рузвелтова бр.51 кај Такси Вардар, ул.11 Октомври бр.46 кај Билна аптека, кај полициска станица БЕКО, ул.Ангел Димевски бр.8 влез 1, ул.Ангел Димевски бр.6, бул. Македонско Косовска бригада, Детска Амбасада Меѓаши ул. Коста Новаковиќ бр.22, дискотека Хавана градски парк Прв дел, спроти Соборен Храм кај кафе бар мистер Џек, ул.Алберт Ајнштајн бр.6/3, ул. Благоја Паровиќ бб, ул. Џон Кенеди кај училиште Васил Главинов, ул. Август Цесарец бр.8, ул.Архиепископ Доситеј зграда 11, ул.Антон Попов бр.17, ул Струмичка бр.12, ул.Огњен Прица бр.8, пред стара Рампа Кисела Вода, ул. Мирослав Крлежа бр.49, ул. Џон Кенеди бр.1, бул.Партизански Одреди бр.5, бул. Јане Сандански бр.21, ул.Љубен Лапе кај Парк на светлината, Клинички центар над главна каса, бул.Партизански одреди спроти хотел Карпош, гимназија Никола Карев, ул. Добри Даскалов бр.1, пред зграда на општина Чаир, бул.Илинден 104 кај ЈП Паркови и зеленило, бул. Јане Сандански кај кафе бар Маска, ул.Крсте Асенов бр.24, бул.Партизански одреди од десната страна, бул.Св.Кирил и Методиј бр.4, Јужен булевар пред пунктот на ЈП Водовод и канализација, ул. Ресенска бр.1, ул. Џон ,Кенеди бр.39 и бр.51, ул. Методија Митевски, ул. Коце Металец бр.9 кај Железара, ул.Осми Март, ул.23 Октомври пред семафорите, пред Собрание на град Скопје, и ул. Мирослав Крлежа бр.49 кај Министерство за култура“, велат од претпријатието.
Екипите ќе продолжат со интервенции и кај Градскиот парк Прв дел спроти спроти Министетство за земјоделие и кај ресторан Томче Софка.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа