ЈП „Паркови и зеленило“: Остро го осудуваме вандализмот во паркот „Македонија“
– Екипите на јавното претпријатие „Паркови и зеленило“ – Скопје утрово затекнаа оштетени, искршени и откорнати клупи расфрлени во зеленилото во паркот „Македонија“.
Оттаму реагираат дека за жал, вакви гледки на уништена парковска опрема се сé почеста појава во градот.
– Упатуваме осуда кон ваквото вандалско уништување на поставената урбана опрема низ зеленилото и апелираме истата да се чува како општо јавно добро за сите посетители, наведуваат од претпријатието.
15.08.2022 - 15:13
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа