Јордан: Ако конфликтот ескалира, тоа ќе биде кошмар за целиот регион

 

 

Јорданскиот министер за надворешни работи Ајман Сафади изјави дека преместувањето на Палестинците од Газа во Египет би било „неприфатливо“ за неговата земја. Говорејќи за Би-би-си, тој рече дека „растурањето и преселувањето нема да го решат проблемот“ и повика да се обезбеди безбедноста на жителите на Газа.

„Зошто одбивањето храна и вода за Украина е воено злосторство, но не е исто кога станува збор за Газа“, додаде тој.

Тој предупреди и на ескалација на конфликтот во поширокиот регион.

„Доколку овој конфликт ескалира и постои реална закана од ескалација, тогаш ќе зборуваме за кошмар што ќе го зафати целиот регион“.

16.10.2023 - 12:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега