„Јас сум со една нога в гроб“ - Рада Манојловиќ откри со каков проблем се соочува

 

Пејачката Рада Манојловиќ со својот изглед и безпрекорен глас го привлекува вниманието каде и да се појави, а сега дојде време да открие кој е нејзиниот најголем страв.

„Јас со една нога сум во гроб. Пола живот ми помина, а ти се смеј (се смее) јас имам таков страв од годините што поминуваат… мене сето ова ми е минато, готово, готово, вели низ смеја пејачката во една изјава пред новинарските екипи.

Таа вели дека како што поминуваат годините се плаши се повеќе и повеќе.

-Не можам да се помирам со тоа дека имам 38 години, а кој е животниот век во Србија? Лета времето… кога одам во село и не работам, животот подолго ми трае, признава Рада.

Таа признава дека низ годините се бори со здравствен проблем, а тоа е дека не може да збори во одредени периоди.

-Секогаш го прегурувам на нозе, ќе се напијам некоја таблета и ќе ми се отвори грлото. Никогаш поради тоа не сум откажала свирка и претходно сум завршувала на инфузии, но прогурувам како што треба… особено по смртта на мајка ми не сакам болници, ништо што има врска со доктори, вели таа.

18.04.2023 - 19:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега