Јаболковиот оцет е мелем за убавина и здравје, може да ви помогне за овие работи

Јаболковиот оцет со своето антисептичко дејство е одличен за миење на устата и уништување на бактериите што го предизвикуваат лош здив.

Од смирување на икањето до олеснување на болката во грлото, јаболковиот оцет е вистинска алатка за олеснување на тегобите. Но, дали сте знаеле дека покрај тоа што ја забрзува циркулацијата и работи како антисептик, тој е вистински мелем за вашата убавина?

Здрава коса

Јаболковиот оцет е одличен за вашата коса бидејќи го спречува скалпот во прекумерно создавање на маснотии, а и одлично ги обликува вашите локни. Најдобро е малку оцет да измешате со три пати повеќе вода и да ставите неколку капки есенцијално масло од рузмарин. Нежно масирајте го коренот и потоа исплакнете. Косата ќе ви биде сјајна и ќе се ослободите од првутот.

Траен маникир

За манакирот да ви трае подолго прво потопете ги вашите нокти во јаболков оцет околу една минута, дозволете им да се исушат, а потоа следете ја нормалната процедура. Тој ќе ги тргне мастите од ноктите и лакот ќе може подобро да се нанесе.

Тоник за лице

Помешајте 2 лажици јаболков оцет со 2 чаши вода и со памукче нанесувајте на лицето. Правете го ова неколку пати во седмицата.

Третман за акни

Ако барате брз, евтин и ефикасен третман против акните, тогаш направете смеса од јаболков оцет, мед и пченично брашно. Нанесете на воспалената ареа и оставете да отстои во текот на ноќта. Откако ќе исплакнете утрината црвенилото ќе биде исчезнато, а отокот намален.

Релаксирачка бања

Додавањето на една, две капки јаболков оцет во вашата када при бањањето ќе ви помогне во отстранувањето на токсините од телото. За релаксирачкото чувство да биде уште подобро додадете неколку капки масло од лаванда.

Бели заби

Јаболковиот оцет со своето антисептичко дејство е одличен за миење на устата и уништување на бактериите што го предизвикуваат лош здив. Тој исто така ќе ви ги отстрани дамките од забите ако директно ги триете со него, а потоа исплакнете со вода.

Побрз метаболизам

Пиењето една две лажици јаболков оцет барем еднаш на ден помешан со вода ќе ви го забрза метаболизмот, ќе ги разбие маснотиите и ќе ви го намали ризикот од инфекции.

03.10.2022 - 23:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега