Израелските војници влегоа во куќата на заменик-лидерот на Хамас, уапсени повеќе од 20 лица

 

Израелските војници на Западниот Брег извршија рација во куќата на заменик-лидерот на Хамас и еден од основачите на военото крило на организацијата, Салех ал-Арури, кој се наоѓа во Либан, и приведоа членови на неговото семејство, изјавија очевидци, пренесува Тајмс оф Израел.

Војниците влегле во домот на Аури во селото Арура, околу 20 километри северно од Рамала, во зори, при што уапсиле повеќе од 20 лица, меѓу кои еден од неговите браќа и девет внуци, изјавија очевидци.

 

Десетици луѓе биле донесени на сослушување.

Ал Арури, кој се наоѓа во Либан, е клучна цел на Израел од нападот на 7 октомври, кога милитантите на Хамас од Газа навлегоа во јужниот дел на Израел, убивајќи најмалку 1 400 луѓе, главно цивили, и земајќи повеќе од 200 заложници, соопштија израелските власти.

Армијата соопшти дека рацијата била организирана во соработка со службата за внатрешна безбедност Шин Бет и оти довела до апсење на „десетици членови на Хамас“, вклучително и роднини на Арури.

Ал Арури помина речиси 20 години во израелските затвори, а беше ослободен во 2010 година под услов да оди во егзил.

21.10.2023 - 21:00

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега