Израел: 600.000 луѓе отидоа на југот на Појасот Газа
Повеќе од 600.000 жители на северниот дел на Појасот Газа избегаа на југ откако израелската војска ги повика да го сторат тоа пред копнена офанзива, изјави портпаролот на израелската војска, а друг портпарол повика на притисок врз Египет да ги отвори границите за бегалците.
Даниел Хагари повтори дека израелските сили во одмаздничките бомбардирања на Газа, во кои загинаа најмалку 2.600 луѓе, се насочени кон Хамас и се обидуваат да избегнат штета на цивилите. Израелската армија го потврди киднапирањето на 155 израелски заложници. Нивните најблиски се информирани, рече Хагари, ветувајќи дека армијата ќе стори сé за да ги врати дома.
Портпаролот на израелската армија Арија Шаруз Шаличар изјави дека лошите временски услови не се причина за одложување на копнената офанзива против исламистичката организација Хамас во Појасот Газа. Не, апсолутно не, изјави Шаличар за германската телевизија АРД.
Тој посочи дека една од главните причини за одложувањето е да се дозволи повеќе палестински цивили да стигнат до јужниот дел на Појасот Газа за да не бидат изложени на ризик за време на копнена офанзива на северот од крајбрежниот појас.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа