Исламската држава уби над 70 војници во Буркина Фасо
Исламска држава ја презеде одговорноста за убиството на повеќе од 70 војници во Буркина Фасо.
Тие направија заседа и нападнаа воен конвој, а десетици војници беа ранети, а петмина беа земени како заложници.
Бил нападнат конвој што се обидувал да навлезе во област контролирана од екстремистите.
Ал Каеда и Исламската држава во Буркина Фасо извршуваат напади веќе седум години, при што загинаа илјадници луѓе, а околу два милиони се раселени.
25.02.2023 - 14:20
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа