„Инстаграм ми го брише профилот зашто сум премногу убава“: Тврди дека жените ја мразат и дека нема пријателки!
Вероника Рајек (25) од Словачка е инфлуенсерка, а била финaлист во натпреварување за Мис Словачка 2016 година, а благодарение на својот добар изглед има над милион следбеници на Инстаграм.
Таа моментално живее во Виена, патува низ светот и објавува прекрасни содржини на својот Инстаграм профил, а тврди дека луѓето се „секогаш изненадени“ кога ќе ја сретнат првпат.
Вели дека постојано е на мета на критики затоа што жените сметаат дека не е „реална“.
Често се случува и нејзиниот профил да биде избришан затоа што следбениците ја пријавуваат како „лажен лик“, а според нејзините зборови, тоа е така поради тоа шт е премногу убава и луѓето не веруваат дека нејзиниот изглед е реален.
„Многумина мислат дека на убавите луѓе им е лесно, но мене ми е полошо од тоа. Ми го загорчуваат животот. Луѓето не веруваат дека постојам. Навистина е дискриминација и другите жени да можат да го прават истото, а јас да не можам, па ми ги бришат профилите затоа што сум премногу убава.
За себе велам дека сум вонземјанец затоа што луѓето не веруваат дека сум реална. Мислат дека сум „бот“ или интернет измама“, вели Вероника.
Не е ретко да добие пораки со непријатна содржина, ѝ зборуваат да престане да користи филтери и фотошоп.
Вероника вели дека поголем дел од нејзините следбеници тоа го прават затоа што се загрижени дека таа ќе им ги укради момчињата.
Исто така таа исклучиво се дружи со мажи затоа што, како што вели, жените не сакаат да ѝ бидат пријателки затоа што се плашат дека ќе ги заведе нивните момчиња.
„Не правам никакви промени и не користам филтери, освен алатки за мазна кожа, но мислам дека тоа е нормално“, вели таа и додава дека нејзиниот изглед е последица на здравиот начин на живот. Не оди на забави и вежба пет пати дневно.
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа