Хејли ги нарече Бајден и Трамп „мрзоволни старци“
Кандидатката за претседателска номинација на Републиканската партија, Ники Хејли, своите ривали, актуелниот претседател Џозеф Бајден и поранешниот американски претседател Доналд Трамп ги нарече „мрзоволни старци“.
Поранешна американска амбасадорка во Обединетите нации, смета дека е време „за нова генерација на лидерство во Вашингтон“ притоа оценувајќи дека нејзните ривали „одамна го поминале својот политички зенит“.
Таа ги повика политичарите постари од 75 години да се тестираат за менталните способности и е поборник за ограничување на мандатот на пратениците.
Нејзините аргументи би можеле да одекнат на изборите во ноември, каде што најверојатно ќе се соочат актуелниот американски претседател, кој тогаш ќе има 82 години и неговиот најсериозен противник, поранешниот американски претседател Доналд Трамп, кој ќе има 78 години.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа