Грковска – Ди Џовани: Констатирана успешна соработка во областа на образовните политики

Вицепремиерката за политики за добро владеење, Славица Грковска, денеска во Владата оствари работна средба со претставничката на УНИЦЕФ, Патриција Ди Џовани, информираат од кабинетот на Грковска.

Од страна на Ди Џовани било изразено задоволство од соработката со Кабинетот за политики за добро владеење, и благодарност за отвореноста на вицепремиерката Грковска. Таа го поздравила учеството на сите говорници на состанокот одржан минатиот месец во Владата, на кој се разговараше за подобрување на ефикасноста, ефективноста и правичноста на буџетските расходи за основното образование и констатирала дека сите прецизно се држеле до темата на дискусија.

-Се отвори и прашањето за тоа како ќе изгледа образовниот систем на глобално ниво во иднината. Беше констатирано дека динамиката со која се движи светот и иновациите неминовно ќе го променат ликот на образованието. Тенденцијата е за поголема вклученост на сите чинители во образованиот систем, поголема отчетност од институциите, како и поголема вклученост од учениците во пријавувањето на потенцијални неправилности, информираат од кабинетот на вицепремиерката Грковска.

На средбата се разговарало и за досегашната соработка меѓу двете институции и беше оставена отворена врата за понатамошна соработка.

02.12.2022 - 13:41

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега