Град Скопје: Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ поради лични интереси делува на штета на граѓаните
„Со жалење можеме да констатираме дека советничката група на ВМРО-ДПМНЕ, поради тесно партиски и лични интереси решија да делуваат на штета на граѓаните на градот Скопје. На денешната седница на Советот на градот Скопје, советниците на ВМРО-ДПМНЕ не гласаа за Предлог-Одлука за давање согласност на Програмата за изменување на Програмата за одржување на коритото на реката Вардар,нејзините притоки,отворените канали и расчистување на дивите депонии на подрачјето на град Скопје за 2022 година“, се вели во реакцијата на Град Скопје.
Град Скопје соопшти дека со таа одлука било стопирано расчистувањето и разубавувањето на кејот на реката Вардар како и сите нејзини притоки, но и проектот за расчистување на дивите депонии во градот Скопје.
„Истите советници, гласаа и за ставање вон-функција на Жичницата на Водно, со тоа што гласаа негативно на предлогот ЈСП да може да генерира дополнителен приход преку издавање на рекламен простор на жичницата. Со ова, советниците на ВМРО-ДПМНЕ и нивната коалиција, го ставија во директна опасност рентабилното функционирање на ЈСП и жичницата. За жал, советниците на ВМРО-ДПМНЕ и нивната коалиција гласаа дискриминаторски по точката за носење на годишните програми на средните училишта, селектирајќи го нивното гласање позитивно само во училиштата каде што раководен кадар се лица кои на ним им одговараат.Лицемерието на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата уште еднаш се покажа пред граѓаните. Иако во јавноста постојано повторуваа дека ја поддржуваат програматата „За Модерно Скопје“, токму тие работат во директна спротивност на истата“, велат од Град Скопје.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа