Град Скопје: Изработен е сеопфатен план за штедење на електрична енергија
Град Скопје изработи сеопфатен план за штедење на електрична енергија со мерки за намалување на потрошувачката на струја на среден и долг рок, а истиот содржи и интервентни мерки на штедење, велат од Град Скопје.
Во пресрет на зимскиот период и енергетската криза, Град Скопје изработи сеопфатен план за штедење на електрична енергија со мерки за намалување на потрошувачката на среден и долг рок.
Истиот содржи и интервентни мерки на штедење. Во моментов се изготвуваат и соодветни препораки до јавните претпријатија кои се во надлежност на Град Скопје, информираат од Град Скопје за МИА.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа