Гори национален парк во Португалија, над 1.200 пожарникари се на терен

Повеќе од 1.200 пожарникари учествуваа во гаснењето на големиот шумски пожар во национален парк во Португалија „Сера де Естрела“.

Силниот ветар ја отежни работата на пожарникарите, кои се обидуваат да запрат еден од 192 пожари кои уништија околу 92.000 хектари шума.

Шефот на службата за цивилна заштита, Андре Фернандеш кажа дека ситуацијата претставува голем предизвик, но 90 отсто од периметарот на пожарот е под контрола.

17.08.2022 - 22:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега