Герасимовски: Ранчиња и училиштен прибор за сите првачиња во Центар
Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски денеска по повод 1 септември, почетокот на учебната година, заедно со претседателот Стево Пендаровски, родителите и наставниот кадар го одбележаа почетокот на новата учебна година во најстарото основно училиште во државата, основано во 1836-та година, „Свети Кирил и Методиј“.
За успешен почеток на учебната година, Општина Центар им подели и ранци на сите првачиња во училиштата, донација од „Макпетрол“, а од „Халкбанк АД Скопје“ првачињата добија комплети со училишен прибор и илустриран бонтон за деца.
– Денеска започнува новата учебна година и на овој ден навистина е прекрасно да се биде меѓу вас. Да се почувствува оваа енергија, да се видат овие насмеани лица меѓу учениците кои не се виделе целото лето но и најдрагите, првачиња. Ова е нов почеток во најважниот испис во животот. Стекнувањето нови знаења носи вредности вредни за вас и вашите идни успеси во животот но и вредности важни за државата, изјави Герасимовски.
Училиштата, како што посочија од Општината, ги завршија сите подготовки пред почетокот на учебната година, училниците и дворовите се чисти и подготвени се да ги примат учениците.
Од компанијата Макпетрол истакнаа дека со ова се потврдува вредноста што ја придаваат на образованието и со тоа на ум, ја реализираат оваа донација на ранци кои, се надеваат, ќе им помоге на учениците во совладувањето на училишните предизвици.
Главен извршен директор во Халкбанк АД Скопје Билал Суџубаши нагласи дека децата и нивното (не)формално образование, инклузијата и екологијата се столбови на нашата политика за општествена одговорност.
– Едукацијата за добро однесување на училиште преку илустриран бонтон ќе им помогне на првачињата полесно да се прилагодат на новата средина, која отсега за нив ќе биде втор дом. Втора година по ред го поддржуваме проектот „Среќно прваче“, бидејќи веруваме дека децата и нивниот правилен развој се клучни за иднината на заедницата во која сите живееме, Суџубаши.
На крајот, градоначалникот Герасимовски се заблагодари на присутните и на првачињата им посака среќна нова учебна година, исполнета со успеси и одлични резултати.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа