(ФОТО) Водителката Билјана Дебарлиева се збогуваше со Канал 5 и колегите: „Ќе ми фалите“

Долгогодишната ТВ презентерка Билјана Дебарлиева, се збогуваше со Канал 5 ТВ и своите колеги во текот на вчерашниот ден. Оваа информација ја сподели и со следбениците и пријателите на социјалната мрежа „Фејсбук“.

„Денеска беше моето последно појавување на фрекфенцијата на Канал 5 ТВ, медиум кој ми ја даде довербата во изминативе 11 години. Ви благодарам за досегашната соработка, а благодарност и до Вас драги колеги за сите убави зборови, насмевки, шеги и уживањето во утринскиот ритуал на пиење кафе. До нешто следно... ќе ми фалите“, стои во објавата на Дебарлиева.

Безмалку секој ден Билјана Дебарлиева имаме можност да ја гледаме на малите екранте, нешто што е случај веќе со години наназад. Дебарлиева со својот шарм, непосредност и природна убавина, низ годините ја задржа својата автентичност пред гледачите, а со текот на времето како да подмладува. 

Билјана jа гази петтата деценија од животот, но тоа не би го рекле за неа според нејзиниот физички изглед.Плени со својата убавина, нежност и неверојатна харизма.

 

10.09.2022 - 12:21
Фото: 
Принтскрин Фејсбук @Билјана Дебарлиева

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега