(ФОТО) Сани и другарките главни на плажа во Црна Гора: Полуголи, згодните Македонки „го украдоа“ вниманието на сите
Сања Сани Гроздановска, една од најпопоуларните македонски фолк пејачки, по враќањето од австралиската турнеја, замина во Будва, Црна Гора да се одмори и да ги наполни батериите за новите работни предизвици.
Хиперактивна како во животот така и на социјалните мрежи, Сани не би била таа што е, ако не ги изненади своите фанови и следбеници со најнови фотографии и снимки на социјалните мрежи.
Сани со женско друштво е во Будва. Пејачката со другарките, како што може да се забележи од фотографиите многу се забавуваат и навистина уживаат на плажа. Полуголи, згодните Македонки „ги мамат погледите“ на сите околу нив, а и на сите кои ги гледаат преку социјалните медиуми.
Пејачката со извонреден глас, на социјалната мрежа „Инстаграм“ објави фотографии, а многумина го пофалија нејзиниот избор на гардероба за на плажа, кој овој пат е минималистични. Носи бикини кои го истакнуваат нејзиното бујно деколте, големи наочари за сонце и белегзија.
Пејачката Гроздановска исто така објави фотографии и од своите пријателки со кои заедно пејат и се веселат на плажата во Црна Гора. Повеќе од очигледно е дека биле голема атракција во Будва. Во продолжение погледнете дел од атмосферата низ фотографии.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа