(ФОТО) Канје Вест има нова девојка: Помлада е од него 20 години и потсетува на Ким Кардашијан

Канје Вест и Џулијана Налу биле фотографирани заедно додека се држеле за рака и излегувале од кино.

Новата девојка на раперот од него е помлада 20 години и неодоливо потсетува на поранешната сопруга на Канје, Ким Кардашијан.

Како што наведуваат американските медиуми ова е второ заедничко излегување на Канје и Џулијана.Бразилскиот модел, според мислењето на многу од обожавателите и тоа како потсетува на поранешната сопруга на раперот – Ким Кардашијан.

Џулијана Нала е родена во Рио де Жанеиро, а живее во Лос Анџелес. Соработувала со бројни модни агенции, како „Mix Models“, „MGM Models“ и „Elite Model Managment“ чиј член станала на 19 години кога се преселила во Лос Анџелес.Инаку, Канје зад себе го има бракот со Ким Кардашијан со кој има четири деца, а месеци наназад траат неговите медиумски шпекулации околу гледањето и одгледувањето на нивните деца.

12.10.2022 - 16:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега