ФОТО: Град Скопје ќе бара надомест за фонтаната кај што пропадна камионот

 

Приватен субјект со камион без дозвола неовластено влегол на плоштадот „Македонија“, по што е причинета штета на плочникот.

Град Скопје остро го осудува овој чин и најави дека ќе ги преземе сите законски мерки за извршување на инспекциски надзор и за санкционирање. За причинетата штета врз јавните добра на плоштадот, како што се наведува, ќе се бара надомест на штета.

-Ваквото однесување од страна на поединци е недозволиво и за тоа ќе се спроведат најстроги санкции, се вели во соопштението од Град Скопје.

30.08.2022 - 12:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега