(ФОТО) Амброзио како сончев зрак на гламурозен настан во Лос Анџелес
Алесандра Амброзио присуствуваше на промоција на соработката на Стаси Караниколау и Буби Тејп, што се одржа во Лос Анџелес во четвртокот вечерта.
Алесандра (41), која се прослави како ангел на „Викторија’с сикрет“, на себе има со блескав неон-жолт комплет – кусо здолниште и топ.
Атрактивната Бразилка изгледа совршено каде и да се појави, благодарение на својата беспрекорно тонирана фигура.
Стаси, најдобрата пријателка на Кајли Џенер, го најави козметичкиот производ на својот инстаграм-профил, каде ја обелодени соработката со Буби Тејп.
„Осветлувачки бронзер кој ќе ви помогне да дадете совршен сјај во пределот на градите“, напиша таа.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа