Форум на жените на ДУИ: Да во Европа, но со жени во извршната власт

Во присуство на повеќе од 500 членови, Форумот на жени на ДУИ, во организација на претседателката Мукадес Хајдари и секретарката за еднакви можности во ДУИ Саранда Имери, денеска одржа средба во Скопје, со цел да се изрази револтот, акумулиран во последните години против членовите на извршната власт на чело со вицепремиерот Артан Груби, како што рекоа, за незастапеноста на жените во Владата.

Претседателката на Форумот на жени на ДУИ, Мукадес Хајдари, рече дека треба да се прекине игнорирањето на улогата на жената во креирањето политики и да и се даде дел од одговорноста и одлучувањето.

Форумот рече Хајдари, работи врз три принципи до кои секогаш се придржува: Поддршка во унапредување на жената во политиката, придонес на жените, во секој изборен циклус и спроведување на модел на кампања за сите структури на партијата.

Хајдари и порача на извршната власт дека доколку мисли дека жените се вистинскиот легитимитет на партијата, тогаш да прифати нивна соодветна интеграција во партијата.

Пратеничката од ДУИ, Мерита Коџаџику, предупреди за катастрофалната застапеност на жените во извршната власт.

‘Добивме владин кабинет, без консултации со Форумот на жени, составен од вицепремиери, министри, заменици министри, сите мажи… И на локално и на централно ниво’.

На вечерашниот собир на покана на Форумот на жени, учествуваше и градоначаникот на Чаир Висар Ганиу, кој апелираше до министрите Албанци предводени од Груби, да го следи примерот со владата Рама која има 12 министри или на Косово со претседателка на државата веќе втор пат.

‘Или ако не сакаат да ја земаат за пример  владата ма Рама, каде од 15 министри 12 се жени, т.е. министерки, можеби ќе им биде полесно да земат пример од нашата општина, каде што од 11 образовни институции, 8 ги водат жени, 60 проценти од секторите се водат од жени, додека заменик градоначалникот на општината е жена’, рече Ганиу.

На вечерашната средба учествуваа над 500 членови на Форумот на жени на ДУИ, кои уште еднаш го изразија незадоволството од лошите резултати на делот на ДУИ во извршната власт, на чело со Артан Груби.

26.01.2023 - 23:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега