Феро инвест лидер во изградба на фотонапонски електрани - реализирани 30 проекти, уште 10 завршуваат набрзо
Фероинвест во текот на август успешно реализираше пет проекти и пушти во употреба 2 MW фотонапонски електрани за свои клиенти, од кои дел на земја, а дел на кровови на објектите на клиентите.
Во моментот, екипите на Феро инвест и ЕМС, интензивно работат на уште 10-тина фотонапонски електрани со инсталирана моќност од 15 MW, кои се очекува да бидат завршени во следниот период.
Во последните 2 години Фероинвест реализираше над 30 проекти за фотонапонски електрани, од кои поголемиот број се капацитети на кровови на компании, со вкупна инсталирана моќ од 16 MW, од кои најголема е електраната Тркање од 8 MW, која е во сопственост на Феро инвест/Централ инвест и која дава значаен удел во сопственото производство на електрична енергија од обновливи извори.
Групацијата Феро инвест/Централ инвест произведува зелена електрична енергија преку мали хидроцентрали, фотонапонски централи и централи на биогас.
Компанијата е лидер во производството на електрична енергија од обновливи извори, а на своите клиенти им нуди реализација по принципот „клуч на рака“, кој подразбира поддршка во обезбедување на потребна документација, проектирање, изградба и монтажа, пуштање во употреба и следење на работата. Целиот процес го спроведуваат стручните служби од Феро Инвест, како и ќерките компании на групацијата, ЕМС и Аквават, а купо-продажбата на електрична енергија се одвива преку компанијата РЕС, во сопственост на бизнисменот Кочо Анѓушев.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа