Фени ја гаси печката поради скапата струја - вработените одат технолошки вишок

Топилницата за никел од Кавадарци, ФЕНИ која сега го носи називот ЕУРОНИКЕЛ од утре ќе ги изгасне печките и ќе го прекине производството, јави Лидер.

-Денеска во 10 часот се одржа состанок на менаџерскиот тим, на кој се донесе одлука електро печката за производство на никел која од први јуни е на одржување, да се изгасне најдоцна до утре од 14:00 часот. Вработените да бидат испуштени на 70% плата,а подоцна да одат во технолошки вишок, вели нашиот извор.

Ова што се случува со ЕвроНикел, оваа компанија ја прави до овој момент најголема компанија која е жртва на енергетската криза.

Слична информација на денешниот брифинг со новинарите сподели и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

29.09.2022 - 14:23

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа