ФБИ уапси 18 поранешни НБА кошаркари

 

Осумнаесет поранешни НБА кошаркари се обвинети за нелегално добивање на 2.5 милиони долари со измама направена преку планот за здравствено и пензиско осигурување на лигата, користејќи лажни медициски тестови и трошоци за забарски услуги.

Според обвинението на американските федерални власти поднесено во Менхетен, 15 поранешни кошаркари и една од нивните сопруги се уапсени за тригодишниот заговор кој почнал во 2017 година и со кој се поднесувале лажни барања за медициски услуги.

Во еден од случаите, поренешен НБА кошаркар играл професионално во Тајван во исто време кога бил на забар во Беверли Хилс во декември 2018, правејќи трошок од 48.000 долари.

Обвинителството тврди дека заговорот го предводен Теренс Вилијамс, кошаркар кој ја почна кариерата како избор во првата рунда од драфтот во 2009, откако добил 19.000 долари за наводна посета на киропрактичар во ноември 2017. По ова, тој ангажирал повеќе поранешни кошаркари кои добивале лажни упати од киропрактичар и забар во јужна Калифорнија. Од кошаркарите тој добил најмалку 230.000 долари.

Нетс го избраа Вилијамс како 11. пик на драфтот во 2009 година, и играше за четири клуба во четири сезони (Нетс, Селтикс, Рокитс и Кингс), со просек од 7.1 поени по натпревар. Тој беше отпуштен од Бостон два дена по неговиот 26. роденден во 2013 и оттогаш не заигра во НБА.

Помеѓу обвинетите е и Тони Ален, член на шампионскиот тим на Бостон Селтикс од 2008 и неговата сопруга, Чарлс Вотсон Јуниор, Антоан Рајт, Алан Андерсон (Вашингтон, ЛА Клиперс), Шенон Браун (Кливленд, ЛА Лејкерс), Вилијам Бајнам (Детроит), Кристофер Даглас-Робертс (Њу Џерси), Мелвин Елај (играше за 5 НБА клуба), Џамарио Мун (исто така играше за 5 клуба), Дариус Милер (ЛА Клиперс и Кливленд), Еди Робинсон (Шарлот, Чикаго), Ентони Вротен (Мемфис, Филаделфија), Милтон Паласио (играше за 6 НБА клуба) и Рубен Патерсон (играше за шест НБА клуба).

Макфакс

07.10.2021 - 23:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега