ЕСМ: Поради дождот се оштети Речки канал

На доводот Горна Радика,поточно Речки канал,како последица на интензивните врнежи во последните неколку дена, се случи појава на лизгање на теренот и оштетување на дел од каналот,при што дел од водата се излева надвор од доводот, информираат од ЕСМ.

„Наши стручни лица се на терен и се преземаат сите мерки околу санирање на оштетениот дел од каналот, кој во преостанатиот дел е во функција и непречено ги носи водите до хидроелектраната Врбен“, се вели во нивното соопштение испратено до медиумите.

30.09.2022 - 10:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега