ЕСМ: Испораката на топлинска енергија за Скопје тече без прекин

 

АД ЕСМ соопшти дека навремено ќе ја извести јавноста откако ќе донесе одлука за набавка на гас за работа на топланите Исток, Запад и Енергетика, како и за евентуално вклучување во режим на работа на приватната гасна електрана ТЕ ТО.

– Претходно веќе ја известивме јавноста дека алтернативно гориво за топланите е дизел горивото, за кое капацитетите се технички и технолошки подготвени да го користат и истото е достапно за набавка, така што испораката на топлинска енергија за градот Скопје тече без прекини и истото ќе продолжи и во следниот период, наведуваат од АД ЕСМ.

Јавноста навремено ќе биде информирана кога ќе биде донесена  одлука за набавка на гас за работа на топланите Исток, Запад и Енергетика.

26.10.2022 - 13:57

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега