Ердоган за членството на Шведска во НАТО: ЕУ прво да го отвори патот за пристапување на Турција
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска изјави дека Европската унија треба да го отвори патот за пристапување на Анкара во Унијата пред турскиот парламент да ја одобри кандидатурата на Шведска за членство во НАТО.
Пред заминувањето на самитот на НАТО во Вилнус, Ердоган изјави дека приемот на Шведска во Алијансата зависи од спроведувањето на договорот постигнат минатото лето на самитот во Мадрид, додавајќи дека никој не треба да очекува компромиси од Анкара, пренесува Ројтерс.
Ердоган, исто така, рече дека крајот на војната меѓу Украина и Русија ќе го олесни процесот на приклучување на Киев во НАТО.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа