Елена Стефановска јавно проговори за доживеаниот стрес: Два дена пред свадбата моравме да најдеме нова локација (ВИДЕО)

 

Познатата македонска водителка Елена Стефановска, а неодамна Елена Најдовски, во интервју за reporter.mk открива дека два дена пред свадбата морале да најдат нова локација за нејзино одржување. Најдовски пред камерите признава дека доживеала голем стрес, но како што кажа, не би променила ниту еден момент поврзан со свадбената веселба.

„Само неколку дена пред свадбата сфативме дека ќе врне и нема да може да се венчаме на отворено. За 48 часа најдовме нова локација. И моравме да откажеме се, да смениме декорации. Наместо ѕвездено небо и прв танц на свеќи под ѕвездиите, имавме прскалки и облаци од пареа, ама беше романтично во стилот на Италија, како што си замислувавме. Ама ако сега ме прашаш дали би правела свадба на отворено и би сменила нешто, ќе ти кажам не, вака беше совршено“, изјави Најдовски reporter.mk.

22.07.2022 - 20:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега