Едукацијата нема граници: Највозрасниот дипломец во Италија има 98 години
Џузепе Патерно, со своите 98 години, стана највозрасниот студент во Италија, кој добил диплома за завршено високо образование.
Патерно ја додаде и магистерската диплома по историја и филозофија од Универзитетот во Палермо, на својата почетна диплома во истите области што ги завцрши пред две години. Последниот испит повторно го положи со највисоки оценки, објави гордо неговото семејство на Фејсбук.
Тој не планира да одмора долго, па сака да напише роман. Роден 1923 година, Патерно израснал во сиромашно семејство на Сицилија. Но, покрај љубовта кон книгите и учењето, тој како помлад не можел да оди на универзитет…
Наместо тоа, тој служел во морнарицата за време на Втората светска војна, на 20-годишна возраст, а подоцна работел во железницата во Италија.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа