Еден приведен и над 20 казни за прославата на Денот на албанското знаме во Куманово
Кумановската полиција привела дваесетгодишен жител на Липково поради непочитување на наредби, изрекла 20 мерки по Закон за безбедност на сообраќајот на патиштата и една од Закон за возачка дозвола, во текот на вчерашниот ден при прославата на Денот на албанското знаме, соопшти денеска СВР Куманово.
Инаку, вчера на градскиот плоштад со пригодна културно – уметничка програма, беше одбележан Денот на албанското знаме, во организација на здружението ,,Недела на албанската култура” – Куманово, со поддршка на Општината.
На манифестацијата учествуваа средношколци од општинските училишта, кои следат настава на албански јазик и познати музички интерпретатори. Локалните власти, меѓу кои градоначалникот Максим Димитриевски го честитаа денот кој првин помина со богата културна програма.
Дел од граѓаните подоцна сведочеа за искршени ретровизори на паркирани автомобили. Во текот на вечера Димитриевски со статус на социјалните мрежи го осуди ваквото однесување
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа