Џоли го тужи ФБИ бидејќи не го обвиниле Пит за наводниот инцидент што доведе до нивни развод

Анџелија Џоли очајно се обидува да најде нешто ново во нејзината правна битка со поранешниот сопруг Бред Пит, откако наводно го тужела ФБИ за податоци што веќе ги имала, според извори блиски до Пит.

Неколку американски медиуми објавија дека актерката поднела тужба против Бирото во април – анонимно, како Џејн До – барајќи документи поврзани со истрагата за Пит, наводно во обид да открие зошто не била поднесена кривична пријава против него по авионскиот лет во 2016 година, кој ја наведе да поднесе барање за развод.

Извештајот, до кој дојде „Пејџ сикс“, сега е објавен и покажува дека помошникот обвинител на САД и помошникот началник на Кривичниот оддел разговарале за случајот во ноември 2017 година пред да биде донесена одлука да не се поднесе обвинение против Пит.

Во првичниот извештај на ФБИ, Џоли им кажала на официјалните лица дека Пит бил „луд“ кога се качиле на приватниот авион од Ница, Франција, до САД, со нивните шест деца.

Во анонимната тужба како ‘Џејн До’ таа прашува зошто ФБИ не го уапсила Бред Пит по наводната физичка расправија во приватен авион. Во тужбата се бара од ФБИ да ги предаде документите поврзани со истрагата за Пит (58), откако Џоли тврдеше дека тој „физички и вербално ги нападнал неа и нивните деца додека летале во приватен авион“.

Таа тврди дека во 2016 година Бред ја полил со пиво во тек на лет со приватен авион, ѝ го повредил лактот и се степал со синот Медокс“.

ФБИ го ослободи Пит од какво било незаконско постапување во инцидентот, кој наводно, се случил на лет со приватен авион, под јурисдикција на федералната влада.

Неколку дена подоцна, Џоли поднесе барање за развод од Пит и побара целосно старателство над нивните деца.

Според тужбата, Пит наводно ги ставил рацете на Џоли и ја полил со пиво, ја однел до задниот дел од авионот, ја фатил за рамениците и ја тресел додека викал: „Ти го е*еш ова семејство“. Пит, наводно, ги ставил рацете на најстариот син на двојката, Медокс, тогаш 15-годишен, при што Џоли тврдела дека го удрил – нешто што актерот целосно го негира.

Џоли наводно се пожалила на недостаток на транспарентност во врска со причината за затворање на истрагата на ФБИ.

Џоли ја изменила жалбата на 9 август.

17.08.2022 - 14:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега