ДУИ го поздравува усвојувањето на законите за коридорите

Демократската унија за интеграција ја поздравува вчерашната одлука на Собранието да ги усвои законите кои го отвораат патот за поевтина и побрза изградба на Коридорот 8 и 10Д, најголемите инфраструктурни проекти во историјата на државата.

„Мнозинството пратеници со својот глас ставија крај на тенденциозната блокада на опозицијата, која за жал реши да се построи против овој капитален проект, обидувајќи се по секоја цена да го оцрни и покрај тоа што тој ја има големата поддршка од Соединетите Американски Држави.

Опозицијата на чело со Мицкоски реши да гласа против проектот што значи нова димензија на развој и ефикасно движење, но сепак нема да успее да го држи во заложништво економскиот развој на државата, КОРИДОРИТЕ ЌЕ СЕ ГРАДАТ!

Историјата денеска ќе ги запамети оние кои гласаа „за“ правилната кауза на развојот, како што ќе ги запамети и оние кои се построија против оваа кауза и на штета на граѓаните“, стои во соопштението на ДУИ испратено утрово до медиумите.

„Владата, чиј дел е Демократската унија за интеграција, како главен приоритет ја има реализацијата на коридорите и сите нејзини членови остануваат транспарентно отворени за јавноста во секој чекор од постапките за реализација на најголемата инфраструктурна инвестиција во историјата на земјата“, се додава во соопштението.

27.05.2023 - 12:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега